3 септември – Кој има добра желба?

„Злато за златните работи, а среброто за сребрените и за секое дело на уметнички раце. Дали денес уште некој сака да Му приложи нешто со својата рака на Господа?“ (1. Летописи 29,5)

Не е безбедно да одолговлекуваме мислејќи дека би имале некаква корист ако им попуштиме на сатанските предлози. Гревот значи срам и пропаст за секоја душа што се препушта на него, но тој е заслепувачки и измамлив по својата природа, и лесно може да нè примамува со ласкави претстави. Ако се осмелиме да застанеме на сатанско тло, немаме гаранција за заштита од неговата моќ. Колку што е до нас, треба да го затвориме секој приод преку кој искушувачот може да најде пристап до нас. (Порака до младите, стр. 70. оригинал)

Цело срце мора да му се предаде на Бога, инаку никогаш не ќе можеме да се промениме и повторно да станеме слични на Него. Според нашата природа ние сме далеку од Бога. Светиот Дух нашата состојба ја опишува со овие зборови: „Мртви поради вашите престапи и гревови“, „сета глава е болна и сето срце изнемоштено“, „нема ништо здраво“. Ние сме се заплеткале во мрежата на сатаната кој нѐ „заробил за да ја извршуваме неговата волја“. Бог сака да нѐ исцели, да нѐ ослободи. Но бидејќи тоа бара целосна промена, обновување на целата наша природа, ние мораме потполно да му се предадеме Нему.

Борбата против самиот себе е најголема борба што кога и да е се водела. Откажувањето од самиот себе, комплетното прифаќање на Божјата волја, не оди без борба; но душата мора да му се покори на Бога пред да може да се прероди и да стане света.

Божјето владеење не е втемелено, како што би сакал да го прикаже тоа сатаната, на слепо покорување, на неразумно ограничување. Тоа се повикува на разумот и на совеста. (Патот кон Христа, стр. 43. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest