„Како што Ти Ме испрати Мене во светот, така и Јас ги испратив во светот.“ (Јован 17,18)
Но кога себеси целосно ќе му се предадеме на Бога и кога при нашата работа ги следиме Неговите упатства, Тој ја презема врз себе одговорноста за нашиот успех. Тој не сака ние да претпоставуваме каков успех ќе постигнат нашите чесни напори. Никогаш не смееме да помислиме на неуспех, зашто соработуваме со Оној кој не познава пораз.
Ние не треба да зборуваме за нашата слабост и неспособност. Со тоа само би покажале дека немаме доверба во Бога, дека ја отфрламе Неговата Реч. Кога мрмориме поради нашите товари или ја одбиваме одговорноста што ни ја дал Бог, ние всушност тврдиме дека Тој е тежок господар, дека од нас бара нешто за што не ни дал доволно сили… Бог се служи со орудијата што самиот ги одбира. Понекогаш го користи најскромното орудие за да изврши најголема работа, зашто Неговата сила најдобро се открива во слабоста на човекот. Ние имаме свои мерила и според нив нешто прогласуваме за големо, а нешто за малечко; но Бог не се управува според нашите правила… Не ни е препуштено нам да ги оценуваме нашите таланти или да ја бираме својата работа. Ние треба да ги преземаме товарите што ни ги наменил Бог, да ги носиме заради Него, и секогаш Нему да му се обраќаме кога имаме потреба да здивнеме. Без оглед на видот на работата, Бога го славиме со радосната служба од цело срце. Нему му е мило кога нашите одговорности ги носиме со благодарност, радосни што сме се нашле достојни да бидеме Негови соработници. (Христови параболи, стр. 363.364. оригинал)
Христос со неискажана радост ја прима секоја душа која сака да Му се предаде. Тој човечкото го соединува со божественото, за да може на светот да му ја објави тајната на Отелотворената љубов. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 44. оригинал)