3 ноември – Тој ќе ги бара своите

„Ќе му речам на север: ‘Дај ми го!’ а на југ: ‘Не задржувај го!’ Доведи Ми ги синовите од далеку, а Моите ќерки од крајот на земјата.“ (Исаија 43,6)

Целото небо го обзело тага кога се дознало дека човекот е загубен, дека светот којшто го создал Бог ќе се наполни со смртни суштества осудени на мизерија, болест и смрт и дека за престапникот не постои пат за спасение. Секој Адамов потомок ќе мора да умре. Тогаш го видов милиот Исус и на Неговото лице запазив израз на сочувство и тага. Набргу после тоа забележав дека се приближи кон неспоредлива блескава светлина која што го опкружува Отецот… Три пати го затскриваше таа величествена светлина со која Отецот беше обвиткан и третиот пат кога се врати од Отецот можевме да го видиме Неговиот лик… Тогаш Тој му стави до знаење на ангелскиот хор дека се пронашол пат за спасение на загубениот човек; дека Тој се заложувал кај Отецот и добил дозвола својот живот да го положи како откуп за паднатиот човечки род, да ги понесе нивните гревови и врз себе да ја преземе смртната пресуда, за на тој начин да го отвори патот на којшто секој од нив благодарение на заслугата на Неговата пролеана крв ќе може да најде простување за своите минати престапи, и преку послушност повторно да се врати во градината од која што човекот бил протеран. (Рани списи, стр. 126. оригинал)

Наскоро јас го слушнав гласот Божји, кој ги затресе небото и земјата… Јас погледнав кон групата, која, само пред малку време, беше во таква неволја и заробеништво. Нивното ропство беше завршено. Величествена светлина ги осветлуваше нивните лица… Секоја црта на грижа и умор исчезнаа и здравје и убавина беше видено на секое лице… Оваа светлина и слава останува на нив сѐ додека Исус не се појави на облаците небесни и верната испробана група беше променета за еден момент, во еден трепет на окото, од слава во слава. (Рани списи, стр. 272.273. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest