3 мај – Грешниците се заробени

„За да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја.“ (2. Тимотеј 2,26)

Опасно е да се дозволи во срцето да се вовлече нехристијанска особина. Само еден грев што го негуваме ќе го понизи карактерот и сите благородни сили ќе ги стави под власт на грешните желби. Оддалечувањето на еден единствен чувар на совеста, негувањето на само една лоша навика, или само едно занемарување на високите барања на должноста, го урива одбранбениот ѕид на душата и на сатаната му отвора премин да влезе и да заведува. Единствен сигурен пат е заедно со Давида секој ден со искрено срце да ја упатуваме молитвата: „Моите чекори кон твоите патеки се придржуваа, нозете мои не се подлизнаа“ (Псалм 17,5). (Патријарси и пророци, стр. 452. оригинал)

Ние живееме во атмосфера на сатанска магија. Непријателот ќе исплете магична мрежа на неморал околу секоја душа која не е заштитена со Христовата благодат. Искушенијата ќе доаѓаат; но ако внимаваме на непријателот и ја одржуваме рамнотежата на самоконтролата и чистотата, измамливите духови нема да имаат влијание врз нас. Оние што ништо не прават за да поттикнат искушение ќе имаат сила да му се спротивстават кога ќе дојде; но оние што се задржуваат во атмосфера на зло, самите ќе бидат виновни ако бидат победени и паднат од својата постојаност… Ние треба да бидеме водени од вистинска наука и здрав разум. Нашите души треба да бидат опкружени со атмосфера на небото. Мажите и жените треба да внимаваат на себе; треба постојано да бидат на стража, не дозволувајќи ни збор ни дело што би можело да предизвика нивното добро да биде злословено. Оној што се нарекува следбеник на Христос треба да внимава на себе, чувајќи се чист и неосквернет во мисли, зборови и дела. Неговиот влијание врз другите треба да биде возвишувачко. (Counsels to Teachers, p. 257.258)

18 мај - Соломоновото покајание
17 мај - Давидовото покајание
16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се
10 мај - Отстранете го своето беззаконие
9 мај - Божјата добрина води кон покајание

Pin It on Pinterest