3 Јули – Бог ќе биде наклонет

„Му се помолува на Бога и Бог го послушува: Тој го погледнува радосно во лицето; му ја враќа на човекот неговата праведност.“ (Јов 33,26)

Ниеден вик на душата во неволја, иако не е изразен со зборови, нема да остане невослишен. Оние што ќе се согласат да стапат во заветен однос со небесниот не ѝ се препуштени на сатанската сила или на слабостите на сопствената природа. (Копнежот на вековите, стр. 258. оригинал)

Малкумина знаат правилно да ја ценат молитвата и да ја користат драгоцената привилегија за молитва. Треба да Му се обратиме на Исуса и да му ги кажеме сите свои неволји. Можеме да Му ги изнесеме своите мали грижи и незгоди, како и своите големи неволи. Сѐ што нѐ притиска и нѐ боли треба да го изнесеме пред Господа во молитва. Ако чувствуваме потреба за Христовото присуство на секој чекор, сатаната ќе има малку можности да нѐ заведе со своите искушенија. Тој со сите свои сили се напрега да нѐ одвои од нашиот најдобар и најсочувствителен пријател. Нашата доверба не треба да му ја подаруваме на никого освен на Христа. Нему можеме да му довериме сѐ што ни лежи на срцето. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 200. 201. оригинал)

Секоја искрена молитва стигнува на небото. Можеби нема да биде течно изразена, но ако е од срце, ќе се издигне до светињата во која Исус служи, и Тој ќе му ја принесе на Отецот со совршени зборови, красна и миризлива од темјанот на Неговото сопствено совршенство. (Копнежот на вековите, стр. 667. оригинал)

Колкави благослови ќе добиеме ако се потпреме на Господовата реч! Треба да има повеќе сесрдни, делотворни молитви. Христос ќе им помогне на сите кои ќе Го побараат во вера. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 202. оригинал)

22 август - Со вера нашите гревови се очистуваат
21 август - Неговата крв е пролеана за мнозина
20 август - Откупени сме со Неговата крв
19 август - Простете и ќе ви биде простено
18 август - Тој нема да се сеќава на нашите гревови
17 август - Јас признавам, и Ти простуваш
16 август - Признавањето води до спасение
15 август - Ако ги признаваме гревовите, Тој е верен да ни ги прости
14 август - Сите гревови, освен еден, ќе бидат простени
13 август - Само Бог може да прости

Pin It on Pinterest