3 јануари – Негувајте доверба и љубов кон Него

„И ќе се веселат сите, кои се надеваат на Тебе; секогаш ќе се радуваат, зашто Ти си им покровител; и ќе ликуваат во Тебе оние, кои го љубат Твоето Име.“ (Псалм 5,11)

Ние можеме да се радуваме во надежта. Нашиот Застапник е во небесното светилиште каде што се застапува за нас. Преку Неговите заслуги имаме проштевање и мир. Тој умрел за да нѐ испере од гревовите, да нѐ облече во праведност и да нѐ подготви за небото, каде што засекогаш ќе престојуваме во светлина. Драги брате и драга сестро, спротивставете им се на настојувањата на сатаната да ги опсипе вашите мисли со потиштеност, темнина и сомнеж. Кажете му дека Христовата крв ве чисти од секој грев. Вие не можете сами да се спасите од силата на искушувачот, но тој ќе затрепери и ќе побегне доколку се потпрете на заслугите на оваа драгоцена крв. Зар нема со благодарност да ја прифатите чашата на спасението што Тој ви ја нуди и да го повикате Господовото име? (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 316. оригинал)

Целата ваша среќа, мир, радост и успех во овој живот зависат од искрена, доверлива вера во Бога…. Верувајте во Исус како Оној Кој ви ги простува гревовите, Оној Кој сака да бидете среќни во становите што отиде да ги подготви за вас. Тој сака да живеете во Негово присуство; да имате вечен живот и венец на славата. (Порака до младите, стр. 410. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest