„Зашто, Христовата љубов нè опфаќа, кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле.“ (2. Коринтјаните 5,14)
Иако со тврдо срце ја отфрлаат неговата љубов, Тој се враќа за уште посилно да ги повика: „Еве, стојам пред вратата и чукам!“ Привлечната моќ на Неговата љубов ги гони душите да му отворат… Христос кај своите весници ќе ја всади истата онаа копнежлива љубов што ја покажува Тој барајќи ги загубените. Не смееме само да велиме: „Дојди!“ Има такви кои ќе го чујат повикот, но нивните уши се премногу слаби да го препознаат неговото значење. Нивните очи се премногу заслепени за да можат да видат какво било добро во она што им е понудено. Мнозина ја сфаќаат својата голема изопаченост и велат: Не сум достоен да ми се помогне. Оставете ме на мира! Меѓутоа, Божјите слуги не смеат да се повлечат. Со нежна љубов, со полно сожалување, пристапете им на обесхрабрените и беспомошните души. Вдахнете ги со својата храброст, со својата надеж, со својата сила! Со својата љубезност натерајте ги да дојдат!…
Ако Божјите слуги појдат вооружени со вера во Него, Тој ќе и даде сила на нивната порака. Бог ќе ги оспособи Неговата љубов и опасноста што им се заканува на душите ако ја одбијат Божјата благодат да ги прикажат убедливо и луѓето ќе бидат поттикнати да го прифатат евангелието.
Христос ќе стори прекрасни чуда ако луѓето го сторат она што им го кажал Бог. Денес во човечките срца може да се изврши иста голема преродба каква што се случила во минатите поколенија… Преку соработката на човечките орудија со божествените можат да се придобијат многу презрени и отфрлени кои од своја страна ќе се потрудат да го обноват божествениот лик кај своите ближни. Зраците на светлината треба да ги осветлат и оние чиишто можности да ја запознаат вистината биле незначителни и кои одат по погрешен пат само затоа што не знаат за подобар… Мнозина ќе ги напупштат големите заблуди и гревови и ќе го заземат местото на оние што имале можности и предимства а не ги ценеле. (Христови параболи, стр. 235.236. оригинал)
