29 ноември – Стариот Израел е пример за Божјата грижа

„Ќе ве избавам од сите ваши нечистотии и ќе го повикам житото и ќе го умножам, и никогаш веќе нема да ве подложам на глад. Ќе го умножам плодот на дрвата и родот на нивите, за да не го носите веќе заради гладот и срамот меѓу народите.“ (Езекиел 36,29.30)

Божјиот народ до крајот на времето мора да се придржува кон начелата дадени… на Израел. Вистинскиот напредок зависи од одржувањето на нашиот заветен однос со Бога. Никогаш не смееме да дозволиме да попуштиме во поглед на начелата и да стапуваме во сојуз со оние кои не се бојат од Бога. Постои постојана опасност христијаните да помислат дека во извесна мера мораат да се приспособат на светот за да имаат влијание на световните луѓе. Меѓутоа, дури и да изгледа дека таквиот став привидно овозможува големи предимства, на крајот секогаш доаѓа до духовен пораз. (Пророци и цареви, стр. 570. оригинал)

Бог му дал завет на Израел дека, ако се покорува на Неговите заповеди, ќе испрати дожд на време за земјата да дава жетва и овоштарниците по полињата да донесат плодови. Тој ветил дека нивната жетва секогаш ќе стигнува на време, дека ќе им стигнуваат залихите до жетвата, дека ќе јадат леб колку што сакаат и ќе живеат во мир во својата земја… Но, ако не ги слушаат Неговите заповеди, Тој ќе постапува спротивно со нив. Наместо благослов, ќе ги следи Неговото проклетство. Ќе ја скрши нивната гордост и ќе направи небото над нив да биде како железо, а земјата како мед…

Оние кои себично го држат своето богатство нека не се чудат ако Божјата рака го растури… Бог може да го растури богатството кое им го дал на своите повереници, ако не сакаат да го употребат на Негова слава. (Сведоштва за црквата, вол.2, стр. 661.662. оригинал)

            

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest