29 јули – А јас ќе Го повикам Бога

„А јас ќе Го повикам Бога и Господ ќе ме спаси. Навечер, наутро и на пладне ќе плачам тажно, и Тој ќе го чуе мојот глас.“ (Псалм 55,16.17)

Ако Христос е секојдневно наш придружник, ќе почувствуваме дека нѐ опкружува силата на еден невидлив свет; гледајќи во Исус, ние ќе се преобразиме во Неговиот лик. Ние се менуваме со гледање. Карактерот станува нежен, добар и облагороден за небесното царство. Како сигурна последица на нашите разговори и заедница со Господа, ќе настапи растење во побожноста, честитоста и ревноста. Со молитвата сѐ повеќе и повеќе се развиваме во сфаќањето на небесните работи. Ние примаме божествено воспитување, а тоа се огледува во животот исполнет со трудољубивост и ревност.

Душата која со сесрдна молитва секојдневно му се обраќа на Бога, барајќи помош, поддршка и сила, ќе има благородни стремежи, јасно сфаќање на вистината и должноста, возвишени побуди за работа и постојано ќе биде гладна и жедна за правда. Ако одржуваме тесна врска со Бога, ќе бидеме оспособени на оние со кои се дружиме да им ја пренесуваме светлината, мирот и ведрината кои владеат во нашето срце. Силата што сме ја примиле молејќи се на Бога, соединета со истрајните напори да станеме попромислени и будни во размислувањето, нѐ подготвува за секојдневните должности и во сите околности го одржува спокојството на духот. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 85. оригинал)

Ние живееме во најсериозен и најзначаен период на земната историја. Опкружени сме со опасностите на последните денови. Ни претстојат значајни и страшни настани… Би требало секој од нас поединечно да прибегне кон Божјата реч и молитва, барајќи го Господа најсесрдно, за да можеме да го најдеме. Тоа би требало да го направиме своја прва и најважна задача. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 53. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest