29 декември – Диви ѕверови нема да му наштетат на никого

„Волкот и јагнето ќе пасат заедно, лавот ќе јаде слама како говедото; но змијата ќе се храни со прав. Никој не ќе прави зло ни штета на целата Моја Света Гора, „ говори Господ.“ (Исаија 65,25)

Потоа наидовме на едно поле полно со животни од сите видови: лав, јагне, леопард и волк сите заедно во совршен мир и слога. Ние пројдовме помеѓу нив и тие мирно одеа по нас. Потоа навлеговме во една шума, но ни со малку налик на мрачните шуми какви што ги имаме овде; не, не: туку светли и величествени; гранките од дрвјата се свиваат горе-долу, а ние сите воскликнавме: „Ќе живееме безбедно во пустината и ќе спиеме во шумите.“ Пројдовме низ шумите, патувајќи кон ридот Сион. По пат сретнавме една група која исто така ги набљудуваше убавините на ова место. Ми падна во очи црвениот раб на нивните облеки; круните им беа блескави, а облеките чисто бели. Како што ги поздравивме, јас го запрашав Исуса кои се тие. Тоа се маченици коишто за Него го положиле својот живот, вели Тој. Со нив е и едно големо мноштво деца кои што исто така имаа црвен раб на своите облеки. Ридот Сион се протегаше токму пред нас и на него се издигаше величествен храм, додека околу него уште седум ритчиња каде што растеа рози и лилјани. Видов како малечките се качуваа или доколку сакаа со своите мали крилја полетуваа на врвовите од ритчињата и берат цвеќе кое никогаш не венее. Околу храмот имаше дрвја од сите видови кои го разубавуваа пределот: шимшир, бор, ела, маслинка, смирна, калинка и смоква натежната под товарот на созреаните плодови кои ова место го прават уште повеличествено… Таму видов маса од чисто сребро, долга неколку милји, а сепак со очи можеше да се догледа. (Рани списи, стр. 18.19. оригинал)

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт
24 декември - Што подготвува Бог за оние што Го љубат
23 декември - Нема да има никакво проклетство

Pin It on Pinterest