29 август – Неговата праведност ја истакнува Неговата надмоќ

„Тебе Ти омиле правдата, а го намрази беззаконието; затоа, Боже, Твојот Бог Те помаза со масло на радоста повеќе од Твоите придружници.“ (Евреите 1,9)

Ние сме Божји слуги и на секого од нас Тој му дал како природни така и духовни дарови. Како Божји деца, ние треба постојано да напредуваме во својата подготовка за небесните живеалишта за кои Христос им рече на своите ученици дека заминал да ги подготви за сите нас. Оној што се држи до Христовата праведност, може да стане совршен човек во Христа Исуса. Работејќи според возвишени мерила, настојувајќи да го следиме Христовиот пример, ние ќе растеме во Неговиот лик, поседувајќи сè поголема префинетост. (Testimonies to Ministers, str. 150)

Христијанинот во својот деловен живот треба да му го претстави на светот начинот на кој нашиот Господ би ги водел деловните потфати. Во секоја работа тој треба да покаже дека Бог е негов учител. „Светиња на Господа“ треба да биде напишано во трговските дневници и во главната книга, на договорите, на признаниците и на вредносните хартии. Оние што тврдат дека се Христови следбеници а работат на нечесен начин, се лажни сведоци за карактерот на светиот, праведен и милостив Бог. (Копнежот на вековите, стр. 556. оригинал)

Само покривалото што ни го подарува Христос може да стори да се појавиме во Божјо присуство. Со тоа покривало, со таа облека на својата праведност, Христос сака да покрие секоја покајничка, верна душа. (Христови параболи, стр. 311. оригинал)

Ако само ги држиме нашите очи вперени кон Спасителот и се потпреме на Неговата сила, ќе бидеме исполнети со чувство на сигурност; зашто Христовата праведност ќе стане наша праведност. (Порака до младите, стр. 107. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest