29 јануари – Во спомен на Неговите благослови

„А на петнаесеттиот ден во седмиот месец, откако ќе ги соберете плодовите на земјата, празнувајте Господов празник седум дена. На првиот и на осмиот ден нека е починка. На првиот ден земете: убави плодови, палмини гранки; гранчиња од широколисни дрва и од речни врби, и веселете се пред вашиот Господ Бог седум дена.“ (Левит 23,39.40)

Добро би било Божјиот народ и денес да има празник сеница радосен спомен на Божјите благослови. И како синовите Израелови што го славеле ослободувањето што го извел Бог за нивните татковци и си спомнувале за чудотворното одржување на животот во текот на патувањето по излегувањето од Египет, така и ние со благодарност треба да си споменуваме за различните патишта по кои Тој во своето провидение нѐ извел од темнината на заблудите во драгоцената светлина на својата милост и вистина… Празникот Сеница не бил само историски, туку и симболички празник. Тој не само што потсетувал на престојувањето во пустината, туку како празник на бербата и собирањето на земните плодови укажувал на последниот ден на големата жетва, кога Господарот од жетвата ќе ги прати своите жетвари каколот да го врзат во снопови и да го запалат, а пченицата да ја сместат во неговите амбари… Меѓутоа кога откупените ќе се соберат во небесниот Ханан, ќе се радуваат со неискажлива радост и слава што засекогаш се ослободиле од ропството на гревот под кое „сите созданија воздивнуваат и тажат со нас до сега“. (Патријарси и пророци, стр. 540-542. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest