29 февруари – Христовата небесна служба

„И така да пристапуваме смело кон престолот на благодатта, за да примиме милост и за да најдеме благодат, за помош, во време на потреба.“ (Евреите 4,16) 

Светилиштето на небото е средиште на Хрисотвото дело за луѓето. Тоа е значајно за секое човечко суштество на земјата. Тоа ни го отвора погледот кон планот на спасението сѐ до крајот на времето и истовремено ни го открива и славниот завршок на борбата меѓу правдата и гревот. Од најголема важност е овие работи темелно да ги истражуваме и да сме подготвени секому што ќе нѐ праша да му дадеме одговор за нашето надевање.

Христовото посредување за човекот во небесното Светилиште е исто толку важно во планот на спасението колку и Неговата смрт на крстот. Со својата смрт Христос го почнал ова дело, додека по воскресението се вознел да го доврши на небото. Ние мораме со вера да влеземе зад завесата каде што „Исус влезе за нас како претходник“ (Евреите 6,20). Таму величествено блескоти светлината на крстот од Голгота. Таму појасно можеме да ја сфатиме тајната на спасението. Спасението на луѓето е извојувано со неизмерната небесна жртва; принесената жртва ги задоволува сите барања на прекршениот Божји закон. Исус го отворил патот кон престолот на својот Отец. Преку Него можат да ги изнесат пред Бога скриените желби сите што доаѓаат кај Него со вера…

Ние сега живееме во времето на големиот Ден на помирување. Во симболичката служба на Стариот завет, додека поглаварот свештенички вршел обред на помирување за Израелците, сите морале да „ги мачат своите души“ со исповедање на гревовите и покајнички да излезат пред Господа за да не бидат истребени од народот. На ист начин сите што сакаат нивните имиња да останат во книгата на животот треба сега, во овие уште неколку преостанати дни од времето на милоста што им е дадено, да се понизат пред Бога жалејќи поради гревот со искрено покајание. Тие мораат длабоко и свесно да ги испитуваат своите срца. Мораат да го отфрлат лакомството и суетниот дух на кого му се предале многу христијани. Сите што сакаат да ги победат лошите наклоности што настојуваат да завладеат со нив, ги чека уште тешка борба. Подготовката е лична работа. Ние нема да бидеме спасени групно. Побожноста и чистотата на едни не можат да ги надоместат овие доблести кај други. Иако сите народи мораат да дојдат на суд пред Бога, Тој сепак, случајот на секој поединец ќе го испита со таква точност како да не постои ниту едно друго суштество на земјата. Секој ќе биде испитан и ќе мора да биде пронајден без мана и дамки. (Големата борба, стр. 488-490. оригинал)  

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest