29 март – Божјите ветувања зависат од послушноста

„Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде.“ (Јован 15,7)

Сите дарови се ветени под условна послушност. Бог има небо полно со благослови за оние што ќе соработуваат со Него. Сите што Му се послушни можат со доверба да бараат Тој да ги исполни своите ветувања. Но ние мораме да покажеме цврста, неограничена доверба во Бога. Често Тој одложува да нѐ услиши за да ја провери нашата вера или да ја испита искреноста на нашата желба. Ако сме барале сообразно со Неговата Реч, мораме да веруваме во Неговите ветувања и да ги повторуваме нашите молби со решителност што не може да се одбие.

Бог не вели барај еднаш и ќе добиеш! Тој нѐ повикува да бараме, неуморно да истраеме во молитвата. Истрајното барање придонесува молителот да стане посериозен и со зголемена желба да копнее по она што го бара. Христос и рекол на Марта на гробот на Лазара: „Нели ти реков, ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“ (Јован 11,40)

Но мнозина немаат доволно жива вера. Токму затоа и не гледаат повеќе докази за Божјата моќ. Нивната слабост е носледица на нивното неверие. Тие имаат поголема вера во своите дела отколку во делата што ги прави Бог за нив, со што сами ја преземаат грижата за себе. Планираат и остваруваат, но малку се молат и имаат малку вистинска доверба во Бога. Мислат дека имаат вера, но тоа е само моментна побуда. Не успевајќи да ги сфатат своите потреби или Божјата подготвеност истите да им ги задоволи, тие не се истрајни при изнесувањето на своите барања пред Бога.

Нашите молитви треба да бидат исто толку сериозни и истрајни како и молбата на пријателот во неволја кој на полноќ дошол да бара леб. Колку посериозно и поупорно бараме, сѐ поцврста ќе биде нашата духовна заедница со Христа. (Христови параболи, стр. 145.146. оригинал)

7 јуни - Долг живот им е ветен на послушните
6 јуни - Незнабошци и туѓинци Му се покоруваат на Бога
5 јуни - Патот на послушноста е милост и вистина
4 јуни - Послушноста е неопходна за влез во Небото
3 јуни - Новораѓањето, дело на Светиот Дух
2 јуни - Повторно се раѓаме преку Божјиот збор
1 јуни - Се преобразуваме во Неговиот лик
31 мај - Бог казнува помалку отколку што заслужуваме
30 мај - Верен е Оној Кој нè повикал
29 мај - Бог Го возвисил

Pin It on Pinterest