28 октомври – Работејќи со нашиот Првосвештеник

„И така, бидејќи имаме Голем Првосвештеник, Кој поминал низ небесата – Исуса, Божјиот Син, да се држиме цврсто за исповедувањето!“ (Евреите 4,14)

Ние треба да тежнееме кон оној ист дух, кој бил во Исуса Христа. Христос работи за нас; дали и ние би работеле за Христа во склад со Неговите начела? Деца, негувајте, трпение, вера и надеж. Господ нека ја зголеми радоста на нашата вера во вечниот Посредник. Трудете се да не помине ден во кој нема да ја сфатите својата одговорност кон Бога која ви ја поставила Жртвата на Неговиот единороден Син. Исус не прима слава од ниту еден кој ги обвинува своите браќа. Нека не помине ниту еден ден во кој не сме ги лечеле и зацелувале старите рани. Негувајте ја љубовта и немојте да дозволите ниту еден збор на зли сомнежи да излезе од вашите усни. Затворете ја брзо таа врата и држете ја затворена; отворете ја вратата од салата во која Исус претседава и држете ја отворена, бидеќи ние ја знаеме вредноста на Христовата жртва и Неговата непроменлива љубов. Секогаш пијте освежувачка вода од изворот на Ливан, но одбијте ги матните води од долината – мрачните и сомнежливи чувства. Вистина е дека има многу поводи, но зарем ќе го расипеме мирисот на својот дух заради тоа што другите се нагрнале со горчина? Господ нека чува! Не треба да има ниту една трошка на зли мисли кои би биле вредни за времето што би го потрошиле во размислување и расправа околу нив. Да ја отстраниме од својот говор секоја горчина; да зборуваме нежно и цврсто да се држиме до својата доверба во Исуса.

Ние имаме Застапник кој вечно живее и посредува за нас. Заради тоа и ние да станеме застапници на страната на оние кои талкаат. „И така, браќа… откако Го имаме Врховниот Свештеник над Божјиот дом (овде е Неговото посредување), да пристапуваме со искрено срце во полна увереност на верата, со срца кои преку попрскување се очистени од зла совест и со тело измиено во чиста вода. Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил“ (Евреите 10,19-23). Тој е навистина „Врховен Свештеник над Божјиот дом“.

И како што Тој работи за нас, да работиме и ние исто така сериозно и заинтересирано за унапредување на своето меѓусебно единство. Христос се молел и ние да ја имаме истата природа и истото единство коешто Тој го има со својот Татко. Трудете се во сето она што го правите да обезбедите меѓусебно единство и меѓусебна љубов и на тој начин ќе одговорите на молитвата на Исуса Христа… Да се држиме близу до Исуса и да мислиме на богатите охрабрувања што ни ги има дадено и кои треба и ние од наша страна да им ги упатуваме на другите. (Lift Him Up, 311)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest