28 јули – Неговото име е свето

„Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!“ (Псалм 111,9)

И на јавната и на приватната богослужба, наша привилегија е да клекнеме на колена пред Господа кога Му ги принесуваме нашите молитви. Исус, нашиот пример, „клекна и се молеше.“ За Неговите ученици е запишано дека и тие „клекнаа и се молеа.“ Павле изјави: „Ги преклонувам колената свои пред Отецот на нашиот Господ Исус Христос.“ При исповедувањето на гревовите на Израел пред Бога, Езра клекна. Даниел „клекнуваше на колена трипати на ден, се молеше и Му благодараше на својот Бог.“

Вистинското стравопочитување кон Бога е поттикнато од чувството за Неговото бесконечно величие и свеста за Неговото присуство. Со тоа чувство за Невидливиот, секое срце треба длабоко да биде трогнато. Часот и местото на молитвата се свети, бидејќи Бог е таму; и како што стравопочитта се изразува преку ставот и однесувањето, така ќе се продлабочи и чувството што ја инспирира. „Свето и страшно е името Негово,“ изјавува псалмистот. Ангелите, кога го изговараат тоа име, си ги покриваат лицата. Со каква стравопочит тогаш треба ние, паднати и грешни луѓе, да го носиме на нашите усни!

Добро би било и младите и старите да размислат за тие библиски зборови што покажуваат како треба да се почитува местото обележано со посебно Божјо присуство. (Евангелски работници, стр. 178. оригинал)

Возвишениот, претенциозен јазик не е соодветен во молитва, било да е молитвата изговорена од говорница, во кругот на семејството или во тајност. Особено оној што ја води јавната молитва треба да користи едноставен јазик, за другите да можат да го разберат кажаното и да се соединат со молитвата. (Евангелски работници, стр. 177. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest