28 декември – Ќе уживаме во делата на нашите раце

„Не ќе се гради веќе, за да живеат други, ниту ќе се сади за да уживаат други: векот на Мојот народ ќе биде како векот на дрвото, Моите избраници ќе ги уживаат долго плодовите на своите раце.“ (Исаија 65,22)

Јас слушнав извици на триумф од ангелите и откупените светии, кои звучеа како десет илјади музички инструменти, затоа што тие веќе нема да бидат попречувани и искушувани од сатаната и заради тоа што жителите на другите светови беа избавени од неговото присуство и неговите искушенија. (Рани спси, стр. 290. оригинал)

Какво ли подрачје за истражување ќе се отвори пред нас кога ќе биде отстранет велот што сега го замрачува нашиот видик, кога нашите очи ќе го здогледаат светот на убавина кој сега само делумно го гледаме со микроскоп; кога ќе ја гледаме славата на небесата која сега од далеку ја набљудуваме со телескоп; кога ќе биде отстрането злокобното влијание на гревот, кога целата Земја ќе се појави „во велелепноста на Господа, нашиот Бог!“ Тогаш секој истражувач на науката ќе може да ги чита извештаите за создавањето и да не открие ништо што би го потсетило на законот на злото. Ќе може да ја слуша музиката на гласовите на природата и да не открие ниту една нота на тагување, ниту еден призвук на жалост; во сѐ што е создадено ќе може да следи само еден ракопис – во бесконечната вселена ќе го гледа Божјото име напишано со големи букви, а ниту на земјата, ниту во морето, ниту на небото нема да види ниту една заостаната трага од злото. (Воспитување, стр. 303 оригинал)

„Мојот народ ќе живее во мирни населби, во безгрижни одморалишта.“ (Исаија 32,18)

„Веќе не ќе се слуша за насилство во твојата земја, ни за запустување и разурнување на твое подрачје. Своите ѕидови ќе ги наречуваш Спасение, својата врата – Слава.“ (Исаија 60,18)

3 јануари - Негувајте доверба и љубов кон Него
2 јануари - Во заедница со Него
1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме
31 декември - Овие зборови се верни и вистинити
30 декември - Во сабота сите ќе Му се поклонуваат на Бога
29 декември - Диви ѕверови нема да му наштетат на никого
28 декември - Ќе уживаме во делата на нашите раце
27 декември - Ќе градиме куќи
26 декември - Човекот ќе биде обновен
25 декември - Нема да има веќе смрт

Pin It on Pinterest