28 август – Помирување преку смртта на Неговиот Син

„Зашто, ако се помиривме со Бога преку смртта на Неговиот Син, уште додека бевме непријатели, тогаш уште повеќе ќе се спасиме преку Неговиот живот, откако сме се помириле.“ (Римјаните 5,10)

Исус Христос се даде Себеси како целосна жртва за секој паднат Адамов син и ќерка. О, какво понижување поднесе! Како се спушташе, чекор по чекор, сè пониско и пониско по патот на понижувањето, но никогаш не ја осквернави својата душа со ниту една валкана дамка од грев! Сето ова го претрпе за да може да ве издигне, исчисти, облагороди и усоврши, и да ве постави како заеднички наследници со Себеси на Неговиот престол.

Како ќе го направите вашиот повик и избор сигурни? Кој е патот на спасението? Христос вели: „Јас сум патот, вистината и животот“. Колку и да сте грешни, колку и да сте виновни, вие сте повикани, вие сте избрани… Никој нема да биде принуден против своја волја да дојде кај Исуса Христа. Величеството на небесата, единородниот Син на вистинскиот и жив Бог, го отвори патот за вас да дојдете кај Него, давајќи го Својот живот како жртва на крстот на Голгота. Но, иако сето ова го претрпе за вас, Тој е премногу чист, премногу праведен за да гледа неправда. Но, дури и ова не треба да ве оддалечи од Него; зашто Тој вели: „Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание“.

Изгубените души нека доаѓаат при Него такви какви што се, без никакво оправдување, и нека се молат за откупувачката Христова крв, и ќе најдат прифаќање кај Бога, Кој живее во слава меѓу херувимите над престолот на милоста. Исусовата крв е најсигурна прописница што никогаш не застарува, со која сите ваши молби можат да најдат пристап до Божјиот престол. (Fundamentals of Christian Education, p. 251.252)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest