28 февруари – Во духот на пожртвуваната љубов

„Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, и вашата радост да биде полна.“ (Јован 15,11)

Нашиот Спасител наоѓал своја радост во издигнувањето и откупувањето на грешните луѓе. За да го постигне тоа, Тој не го сметал ниту својот живот за премногу драгоцен, туку претрпел крст, не држејќи до срамот. (Патот кон Христа, стр. 77. оригинал)

Пред своите очи постојано го имал резултатот на својата мисија. Неговиот земен живот, преполн со напорен труд и со самопрегор, бил исполнет со радост, надевајќи се дека сиот труд нема да биде напразен. Давајќи го својот живот за животот на луѓето, Тој ќе го врати светот во преданост кон Бога. (Копнежот на вековите, стр. 410. оригинал)

Извршувањето на мисијата, за чиешто остварување го напуштил небото, го засилувало Спасителот за Неговата работа и го издигнувало над човечките потреби. Да ѝ послужи на душата што е гладна и жедна за вистината за Него било многу поважно отколку да јаде и да пие. За Него тоа била утеха и освежување. Доброчинството било живот за Неговата душа. (Копнежот на вековите, стр. 190. оригинал)

Духот на Христовата љубов, која се жртвувала себеси, е дух што го проникнува небото и ја сочинува срцевината на небесното блаженство. Таков дух ќе имаат Христовите следбеници, таква служба ќе извршуваат тие. (Патот кон Христа, стр. 77. оригинал)

28 февруари - Во духот на пожртвуваната љубов
27 февруари - Им се открил на понизните
26 февруари - Исус со љубов се грижел и интересирал за човечкото семејство
25 февруари - Во заедница со Отецот
24 февруари - Според Божјата волја и законот
23 февруари - Спасителот се радува што носи мир и одмор
22 февруари - Божјата добрина кон Сион
21 февруари - Се предавам на Неговата волја
20 февруари - Оние што ја исполнуваат Неговата волја
19 февруари - Оние кои се бојат од Него

Pin It on Pinterest