27 септември – Посветеноста на сиромашната вдовица

„И рече: ‘Вистина ви велам, беднава вдовица пушти повеќе од сите, зашто сите овие приложија дар за Бога, од својот вишок; а таа од својата немаштија: пушти сè што имаше за живеење.’“ (Лука 21,3.4)

Богатите подариле од своето изобилство, а мнозина од нив за луѓето да ги видат и да ги почитуваат. Нивните големи дарови не ги лишиле од никаква удобност или дури од раскош; не барале никаква жртва и затоа според вредноста не можеле да се споредат со лептите на вдовицата.

Побудите им даваат карактер на нашите дела, ставајќи врз нив печат на срам или на висока морална вредност. Бог не ги смета за највредни големите дела што ги гледа секое око и ги фали секој јазик. Малечките должности, извршени радосно, малечките дарови со кои не се расфрламе и кои за човечките очи изгледаат безначајни, често се најголеми во Божјите очи. Срцето полно со вера и со љубов му е помило на Бога од најскапоцениот дар. Сиромашната вдовица го дала она што ѝ било потребно за животот за да го стори она малку што го сторила. Се лишила од храната, давајќи ги тие две лепти за делото што го сакала. Тоа го сторила со вера, со целосна доверба дека нејзиниот небесен Отец нема да ја превиди нејзината голема потреба. Спасителот го пофалил нејзиниот несебичен дух и нејзината детска вера. (Копнежот на вековите, стр. 615. оригинал)

Ние мораме лично да се запознаеме со Бога за да можеме да го манифестираме Божјиот карактер, за да не се измамуваме себеси, црквата и светот со лажно христијанство. Ако одржуваме заедница со Бога, тогаш ние сме Негови проповедници, дури и ако никогаш не проповедаме во некоја црква. Ние соработуваме со Бога во презентирање на совршенството на Неговиот карактер во човештвото. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 13. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest