27 јули – Наутро ќе Ти се молам

„Наутро го слушаш мојот глас; о Господи! Наутро ја испраќам мојата молитва кон Тебе и чекам.“ (Псалм 5,3)

Дали секое утро кога ќе станете чувствувате потреба да побарате сила и помош од Бога? Дали своите потреби во понизност и со искрено срце ги изнесувате пред својот небесен Татко? Ако е така, ангелите верно ги бележат вашите молитви; и доколку тие молитви се упатени од срце – кога ќе се најдете во опасност и несвесно да направите нешто што не е добро, влијаејќи и на другите да се угледаат на вас, вашиот ангел чувар ќе биде покрај вас, укажувајќи ви на подобар пат, помагајќи ви да внимавате на своите зборови, влијаејќи на вашите постапки.

Ако, несвесни дека ви се заканува опасност, не упатувате молитви за помош и сила неопходна за да се спротивставите на искушението, неминовно ќе се најдете на погрешен пат. Секое занемарување на должноста се бележи во небесните книги и на денот на проверка вие ќе се најдете лесни. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 363.364. оригинал)

Секој ден стекнувајте нови победи во своето семејство. Не дозволувајте вашите секојдневни должности да ве задржат во тоа. Најдете време за молитва; и додека се молите верувајте дека Бог навистина ја слуша вашата молитва. Вашите молитви секогаш нека бидат проникнати со вера. Можеби нема секогаш да добиете непосреден одговор, но тоа е само за да биде испитана вашата вера. Вие сте испитувани за да се види дали имате доволно доверба во Бога, дали имате постојана и жива вера. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 167. оригинал)

Оние што така се поврзуваат со Бога, Тој ги признава како Негови синови и ќерки. Тие постојано се издигнуваат сè повисоко и повисоко, стекнувајќи појасна слика за Бога и за вечноста, сè додека Господ не ги направи канали на светлина и мудрост за светот. (Порака до младите, стр. 247. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest