27 август – Жезолот на Неговото царство

„А за Синот: Твојот престол, Боже, е вечен и жезолот на правдата е жезол на царството Твое.“ (Евреите 1,8)

Нашата надеж постојано треба да ја поткрепува и засилува сознанието дека Христос е нашата правда. Нашата вера треба да лежи на тој темел, кој ќе постои вечно. Наместо да размислуваме за сатанскиот мрак и да се заплашуваме себеси со неговата сила, треба да ги отвориме срцата за примање на Христовата светлина и со таа светлина треба да го осветлиме светот, објавувајќи дека Христос е над моќта на сатаната, дека Неговата моќна рака ќе го поддржи секого кој се надева во Него. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 742. оригинал)

Целата власт му е дадена во Неговите раце, за да може да им дава богати дарови на луѓето, давајќи им го бесценетиот дар на Неговата праведност на беспомошните човечки суштества. Ова е пораката што Бог заповедал да му се објави на светот. Тоа е пораката на третиот ангел, која треба да се објавува со силен глас, која треба да биде проследена со излевање на Неговиот Дух во голема мера. (Testimonies to Ministers, p. 92)

Наша прва должност кон Бога и кон нашите ближни е да ги развиваме сите наши способности. Оној кој не ги развива секојдневно своите способности и својата корисност, не ја исполнува целта на животот. Исповедајќи ја својата вера во Христа, ние сме се заветувале дека ќе постигнеме сѐ што може да се постигне во работата за Учителот и затоа мораме да ја развиваме секоја наша способност до совршенство за да постигнеме најголемо количество добра за кое сме способни. (Христови параболи, стр. 329.330. оригинал)

Оние кои ја бараат Христовата праведност ќе размислуваат за темите на големото спасение. (Councels to Parents, Teachers, and Students p. 341)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest