27 aприл – Не прилагодувајте се на овој свет

„Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да ја дознаете која е добрата, угодна, и совршена Божја волја!“ (Римјаните 12,2)

Многумина од оние кои ја исповедаат вистината и припаѓаат на Божјиот народ, толку се прилагодиле на светот, така што повеќе не се распознава нивното посебно обележје и тешко е да се направи разлика „помеѓу оној што служи на Бога и оној кој не му служи“. Бог би направил големи работи за својот народ кога овој би излегол од светот и би се одвоил. Кога би допуштиле Тој да ги води, би ги прославил низ целата земја.

Вистинскиот Сведок вели: „Ги знам твоите дела.“ Божјите ангели коишто им служат на оние што ќе го наследат спасението, се запознаени со состојбата во која се наоѓа секое лице и знаат колку вера има во секој поединец. Неверноста, гордоста, лакомоста и љубовта кон светот што се наоѓаат во срцата на браќата и сестрите ги растажуваат безгрешните ангели. Кога виделе дека кај мнозина што тврдеа дека се Христови следбеници постојат големи гревови и дека таквите го срамат Бога со својот колеблив, неисправен живот, ангелите плачеле. И покрај сето тоа, тие што најмногу грешат се причина за најголемите слабости кај црквата, кои ја валкаат светата вера, ниту најмалку не се вознемирени, ниту загрижени туку изгледа како да веруваат дека се вкоренети во Господа. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 125. оригинал)

Ако доброволно се изложуваме на световна атмосфера и на неверство, ѝ се спротивставуваме на Божјата волја и ги истеруваме светите ангели од нашиот дом. Сите кои на своите деца им пластат земно богатство и им осигуруваат почит од светот на сметка на нивните вечни интереси, на крај ќе видат дека сите привидни предимства и благодети всушност се страшна загуба… Наследството што му го ветил Бог на својот народ не е на овој свет. (Патријарси и пророци, стр. 169. оригинал)

1 Јули - Барајте Го Господа постојано
30 јуни - По плодовите ќе ги познаете
29 јуни - Плодовите на Духот
28 јуни - Преобразениот живот донесува плод
27 јуни - Преобразениот живот е чист
26 јуни - Ќе бидеме ново создание
25 јуни - Преобразувачката сила на вистината 
24 јуни - Откако ќе победите, да се одржите
23 јуни - Вкоренети и надѕидани на Него
22 јуни - Христовиот збор нека се всели во вас

Pin It on Pinterest