27 февруари – Им се открил на понизните

„Во истиот час се зарадува во Светиот Дух и рече: ‘Ти благодарам Татко! Господи на небото и на земјата, зашто си го сокрил ова од мудрите и умните, а им го откри на младенците. Да, Татко, таква беше Твојата волја.’“ (Лука 10,21)

Уважените луѓе во светот, таканаречените големи и мудри луѓе, со сета своја фалена мудрост не можат да го сфатат Христовиот карактер. Тие за него суделе според неговиот надворешен изглед, според понижувањето низ кое поминал како човечко суштество. Меѓутоа, на рибарите и на цариниците им било дадено да го видат Невидливиот. Дури ни учениците не можеле да разберат сè што сакал Исус да им открие, но со текот на времето, како ѝ се потчинувале на силата на Светиот Дух, нивните умови станале просветени. Сфатиле дека меѓу нив престојувал моќниот Бог облечен во човечки лик. Исус се радувал што ова сознание, кое не го поседувале мудрите и умните, им било откриено на овие скромни луѓе. Додека ги изнесувал учењата на старозаветните списи и ги применувал на себе и на своето дело на помирување, често биле разбудени со неговиот Дух и подигнати во небесна атмосфера. Духовните вистини, за кои зборувале пророците, тие подобро ги разбрале отколку самите писатели на изворното дело. Подоцна ќе ги читаат списите на Стариот завет, не како наука на законици и фарисеи, не како кажување на мудреци што умреле, туку како ново откровение од Бога. Го гледале Оној „кого светот не може да го прими, зашто не го гледа, ниту го познава. Вие го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде во вас“ (Јован 14,17). (Копнежот на вековите, стр. 494. оригинал)

28 февруари - Во духот на пожртвуваната љубов
27 февруари - Им се открил на понизните
26 февруари - Исус со љубов се грижел и интересирал за човечкото семејство
25 февруари - Во заедница со Отецот
24 февруари - Според Божјата волја и законот
23 февруари - Спасителот се радува што носи мир и одмор
22 февруари - Божјата добрина кон Сион
21 февруари - Се предавам на Неговата волја
20 февруари - Оние што ја исполнуваат Неговата волја
19 февруари - Оние кои се бојат од Него

Pin It on Pinterest