Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.“ (1. Цареви 4,20)
Израел имал огромен повод да се радува. Земјата во која Господ ги довел, била земја во која течеле мед и млеко. За време на патувањето низ пустината Бог им ветил дека ќе ги одведе во земја во која никогаш нема да има суша. (Пророци и цареви, стр. 135. оригинал)
Бог Израелците ги извел од Египет со цел во хананската земја од него да создаде чист, свет и среќен народ. За да ја постигне таа цел, Тој ги подложил на одредена дисциплина потребна за нивно сопствено добро и за добро на нивните потомци. Кога би го прифатиле Неговото мудро ограничување и би го совладале апетитот, меѓу нив не би имало болест ниту немоќ. Нивното потомство би било надарено и со телесна и со умна сила. Тие би имале јасна претстава за вистината и должноста, остроумно забележување, моќ за разликување и здраво расудување. (Патријарси и пророци, стр. 378. оригинал)
Бог можел да ги снабдува и со месо исто толку лесно како и со маната, но тоа им било скусено заради нивно добро. Тој имал намера да им даде храна која подобро одговарала на нивните потреби отколку трескавично надразливата храна на која навикнале во Египет. Изопачениот апетит морал да се доведе во здрава состојба за да им биде пријатна првобитната човекова исхрана плодовите на земјата што им ги дал Бог на Адама и Ева уште во Едем. (Патријарси и пророци, стр. 378. оригинал)ка ќ
е ги одведе во земја во која никогаш нема да има суша. (Пророци и цареви, стр. 135. оригинал)
Бог Израелците ги извел од Египет со цел во хананската земја од него да создаде чист, свет и среќен народ. За да ја постигне таа цел, Тој ги подложил на одредена дисциплина потребна за нивно сопствено добро и за добро на нивните потомци. Кога би го прифатиле Неговото мудро ограничување и би го совладале апетитот, меѓу нив не би имало болест ниту немоќ. Нивното потомство би било надарено и со телесна и со умна сила. Тие би имале јасна претстава за вистината и должноста, остроумно забележување, моќ за разликување и здраво расудување. (Патријарси и пророци, стр. 378. оригинал)
Бог можел да ги снабдува и со месо исто толку лесно како и со маната, но тоа им било скусено заради нивно добро. Тој имал намера да им даде храна која подобро одговарала на нивните потреби отколку трескавично надразливата храна на која навикнале во Египет. Изопачениот апетит морал да се доведе во здрава состојба за да им биде пријатна првобитната човекова исхрана плодовите на земјата што им ги дал Бог на Адама и Ева уште во Едем. (Патријарси и пророци, стр. 378. оригинал)
