26 септември – Посветеноста на Мојсеј

„Преку вера Мојсеј, кога порасна, одби да го наречуваат син на фараоновата ќерка, и со поголема желба сакаше да страда заедно со Божјиот народ, отколку да се насладува за кратко време на гревот. Зашто хулењето на Христа го сметаше за поголемо богатство од египетските богатства, зашто ја имаше предвид наградата.“ (Евреите 11,24-26)

Мојсеј имал способности да заземе истакнато место меѓу великаните на луѓето на земјата да блескоти на дворовите на тогаш најславното царство и во своја рака да го земе жезолот на неговата сила. Со својата интелектуална големина тој ги надминува големите луѓе на сите времиња. Како историчар, поет, филозоф, војсководител и законодавец е неспоредлив. Меѓутоа, Иако сето тоа стоело пред него, тој сепак имал морална сила да ги одбие. примамливите изгледи за богатство, чест и слава: „И повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да има преодна гревовна наслада”.

Мојсеј бил поучен дека наградата на крај ќе им биде доделена на понизните и послушни Божји слуги, па во светлината на тоа знаење, земната добивка загубила секаква вредност. Нему примамливо му ја истакнувале сјајната фараонова палата и владетелскиот престол, но тој знаел дека во тие господствени одаи се кријат уживања поради кои човекот го заборава Бога.

Преку велелепноста на раскошниот двор и над владетелската круна, неговиот поглед бил насочен кон повисоките почести што ќе им бидат укажани на светците на Севишниот во неговото царство неопогането со валканост на гревот. Тој во вера ги видел круните и венците на непоминливата слава што ќе ги стави небесниот Цар на главите на победниците. Таа вера му дала храброст да ги напушти горделивите великодостојници на египетскиот двор и да му се придружи на сиромашниот, понизен и презрен народ кој, наместо да му служи на гревот, решил да му служи единствено на Бога. (Патријарси и пророци, стр. 246. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest