„Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе!“ (Псалм 122,6)
Ако Божјите благослови почиваат на вас поради тоа што целосно сте Му се предале Нему, вие ќе напредувате. Но ако се одвратите од Бога, Тој ќе се одвои од вас. Неговата рака може побргу да растури отколку што можете да соберете… Нашиот Спасител ни укажува на „небесните птици, кои ниту сеат, ниту жнеат, ниту собираат во житници, па сепак ги храни вашиот небесен Татко…“ И што се грижите за облека? „Погледнете ги лилјаните во полето како растат…“ Тие лилјани во својата едноставност и невиност одговараат на Божјото мерило повеќе од Соломон во неговата раскошна облека, лишена од небесните украси… Зар не можете да имате доверба во својот небесен Татко? Зар не можете да се потпрете на Неговото драгоцено ветување? „Туку барајте го најнапред Божјото царство и Неговата правда и останатото ќе ви се додаде?“ Прекрасно ветување! Зар не можеме да се потпреме на него? (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 496.497. оригинал)
Должината и корисноста на нашиот живот не зависи од количината на земското богатство. Оние кои со своето богатство прават добра на другите немаат потреба да натрупуваат богатство на овој свет; бидејќи богатството кое употребено за Божјото дело и раздадено на сиромашните во Христово име, е дадено на Исуса, Кој ќе го вложи тоа за нас во небесната банка – во трезори кои не се распаѓаат. Оној кој прави така се богати во Бога и неговото срце ќе биде таму каде што е вложено неговото богатство.
Оној кој понизно го користи сето она што му го дал Бог на слава на својот Дародавател, давајќи онака дарежливо како што примил, може да се чувствува спокоен и сигурен дека во неговите работи Божјата рака го води на добро и дека на себе го носи печатот на Божјото одобрување. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 546. оригинал)
