26 јули – Ќе Го повикувам во сите мои дни

„Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови.“ (Псалм 116,2)

Вратата на нашето срце мора постојано да биде отворена, постојано мора да се издигнува повик до Исуса да дојде и да живее како небесен гостин во нашата душа.

Иако околу нас може да владее заразена, расипана атмосфера, ние не мораме да ги вдишуваме нејзините заразни испарувања, туку можеме да живееме во чиста небесна атмосфера. Ние можеме да затвориме секој приод за нечистите мечти и за несветите мисли ако со искрена молитва ја издигнеме нашата душа во Божја близина. Оние што го отвориле срцето да примат од Бога подршка и благослов, ќе одат во посвета атмосфера отколку што е оваа земна и ќе одржуваат постојана врска со небото.

Нам ни се потребни појасни поими за Исуса и поцелосно сфаќање за вредностите на вечните стварности. Убавината на светоста треба да го исполни срцето на Божјите деца, а за да може да се постигне тоа, мораме да бараме Бог да ни го разјасни она што е небесно.

Нашата душа нека се отвори и нека се издигне за Бог да може да ни помогне да ја вдишуваме небесната атмосфера. Ние мораме да живееме во таква Божја близина, што при секое неочекувано искушение нашите мисли да се свртуваат кон Него исто толку природно, како цутот што го следи сонцето.

Изнесете му ги на Бога своите потреби, своите радости, своите таги, своите грижи и своите стравувања. Вие не можете да го преоптоварите; вие не можете да го заморите… Изнесете му го сето она што го збунува вашиот ум. На Оној кој во својата рака ги држи световите и управува со сите работи во вселената, ништо не му е премногу тешко да го носи. Сѐ што е поврзано со нашиот мир, за него ништо не е премногу незначително за да го забележи. (Патот кон Христа, стр. 99.100. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest