„Стани, разбуди се да ме одбраниш, о Боже мој и Господи мој, води ја мојата парница!“ (Псалм 35,23)
Ако сакаме да ги избегнеме тешките и непријатни искуства, мораме сесрдно и без одлагање да го градиме своето спасение со страв и трепет. Има мнозина што не даваат очигледни докази дека се верни на заветот направен при крштавањето. Формализмот, стремежот за почести во светот, гордоста и самољубието ја ослабнале нивната ревност. Нивната свест повремено се буди, но тие не паѓаат на Карпата – Исуса Христа. Тие не му приоѓаат на Бога со скршени срца во покајание и признавање. Тие што во срцето ќе го почувствуваат делувањето на вистинско обратување, во својот живот ќе покажуваат плодови на Духот. О, кога оние на кои толку им недостасува духовност, би можеле да сфатат дека вечниот живот може да им се даде само на оние што ќе станат соучесници во божествената природа, на оние што ќе ја избегнат расипаноста што постои во светот заради телесните желби!
Само Христовата сила може да оствари преобразување на срцето и умот, а тоа мора да биде искуство на секој што сака да биде со Него соучесник во новиот живот во небесното царство. (Сведоштва за црквата, вол. 9, стр. 155.156. оригинал)
Постои бучна ревност, без цел и смисол, која не е во склад со науката, слепа во своите постапки и деструктивна по своите последици. Тоа не е христијанска ревност. Со вистинската ревност управуваат начела и таа не е повремена. Таа е искрена, длабока и силна и ја проникнува целата душа. Спасувањето на душите и интересите за Божјото царство – тоа се прашања од најголем интерес. Дали во било што е потребна толкава сесрдност како што е потребна за спасување души за слава на Бога? (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 232. оригинал)