26 јануари – Радувај се во својата младост

„Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сè тоа.“ (Проповедник 11,9)

Мудриот човек вели: „Сети се на својот Творец во дните на својата младост.“ Но немој ниту за момент да помислиш дека религијата ќе те направи тажен и мрачен, или дека ќе ти го затвори патот кон успехот. Христовата религија не уништува, ниту пак ослабува која било способност. Таа на никаков начин не те оневозможува да уживаш во вистинска среќа; не е наменета да го намали твојот интерес за животот или да те направи рамнодушен кон обврските кон пријателите и општеството. Таа не го обвива животот во кострет; не се изразува во длабоки воздишки и лелеци. Не, не; оние што во сè Го ставаат Бога прв, последен и најдобар, се најсреќните луѓе на светот. Насмевките и сонцето не се прогонети од нивните лица. (Порака до младите, стр. 38. оригинал)

Господ би сакал сите негови деца, синови и ќерки, да бидат среќни, спокојни и послушни. Исус вели: „Ви оставам мир, ви го давам мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши!“ „Ова ви го реков за да биде мојата радост во вас, а вашата радост да биде целосна“. (Патот кон Христа, стр. 124. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest