„Ти правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата. И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.“ (Псалм 104,14.15)
Бог великодушно се погрижил за животот и среќата на своите созданија и кога луѓето не би ги кршеле Неговите закони и кога сите би живееле во согласност со божествената волја, на земјата би владееле здравје, мир и блаженство, а не беда и постојано зло. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 368. оригинал)
Само силата на Семожниот може да ги скроти природните стихии на земјата, морињата и небесата. И Тој тие стихии ги употребува за добро на своите созданија. Тој ја отвора „добрата ризница своја“ за да дава дарежливо „дожд… на време и да го благослови секое дело… на човечките раце“ (Второзаконие 28,12).
„Си ги управил изворите во долините:
кои течат меѓу горите,
Тие ги напојуваат сите полски ѕверови:
дивите осли ја гаснат жедта своја.
При нив живеат птиците небесни,
и пеат меѓу гранките…
Ти правиш да расте трева за добитокот,
и растенија за потребите на човекот:
за да произведат храна од земјата;
и вино што го весели срцето на човекот,
и масло од кое блеска лицето негово,
и лебот што го закрепнува срцето на човекот…“ (Псалм 104,10-15). (Пророци и цареви, стр. 134.135. оригинал)
