25 септември – Посветеноста на Македонците

„Зашто сведочам, дека според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно и нè молеа многу да им ја укажеме милоста да можат да учествуваат во службата на светите. И даваа не само како што се надевавме, туку и самите себе Му се предадоа прво на Господа, и тогаш нам, преку Божјата волја.“ (2. Коринтјаните 8,3-5)

Речиси сите македонски верници биле сиромашни во земни добра, но срцата им биле преполни со Божја љубов и со Неговата вистина и радо давале за да го помогнат ширењето на евангелието. Кога во црквите на некогашните незнабошци биле собрани прилози за верниците од еврејско потекло, духот на дарежливост во Македонија е истакнуван како пример пред другите цркви. Пишувајќи им на коринтските верници, апостолот посебно им укажал на „Божјата благодат дадена на црквите во Македонија; дека, иако во прекумерни неволји, нивната изобилна радост и длабоката беда покажаа преизобилно богатство на нивната штедрост. „Зашто сведочам дека, според своите можности, а и преку нив, дадоа доброволно“…

Подготвеноста на жртва од страна на македонските верници била последица на нивното искрено преобратување. Под влијание на Божјиот Дух тие „првин самите себе му се предадоа на Господа“, и тогаш биле подготвени со радост да ги приложуваат своите средства за проповедање на евангелието. Не било потребно некој од нив да го бара тоа, зашто тие сами се радувале што им се дала можност да изделат дел од своите неопходни потреби за да ги задоволат потребите на другите. Кога апостолот сакал да ја ограничи нивната дарежливост, тие го преколнувале да ги прими нивните дарови. Во својата едноставност и чесност, во својата љубов кон браќата, тие радо се подложиле на самооткажување за да изобилуваат со плодови на доброчинства…

Духовниот напредок тесно е поврзан со христијанската благородност и великодушност. Христовите следбеници треба да се радуваат што со својот живот можат да го откриваат доброчинството на својот Откупител. (Делата на апостолите, стр. 343.344. оригинал)

3 октомври - Божји гласници
2 октомври - Ние сме Негови соработници
1 октомври - Ве поставив вас
30 септември - Посветеноста на Елисеј
29 септември - Посветеноста на Павле
28 септември - Посветеноста на Самуил
27 септември - Посветеноста на сиромашната вдовица
26 септември - Посветеноста на Мојсеј
25 септември - Посветеноста на Македонците
24 септември - Исусовата посветеност

Pin It on Pinterest