„Речете им го ова на вашите синови, вашите синови на своите синови, а нивните синови на идното колено.“ (Јоил 1,3)
Сѐ додека родителите и сами не го следат со сето срце Господовиот закон, не ќе можат како Аврам да им заповедаат на своите синови, „откако ќе заминат“ да се придржуваат кон Неговите патишта. Во тој поглед потребно е да настане една длабока и коренита реформа…. Децата треба да се учат дека упатствата на Божјата реч се Божји глас упатен до нив, и дека на тоа мора безусловно да му се покорат.
Децата на таквите родители ќе можат да им одолеат и на најпрепредените лукавства на неверниците. Нека ја прифатат Библијата како основа на својата вера и ќе имаат темел кој плимата на скептицизмот што наидува не ќе може да го поткопа…
Оние што тврдат дека го љубат Бога треба, слично на патријарсите во старо време, секаде каде што ќе подигнат свој шатор, покрај него да му подигнат и олтар на Господа. Ако некогаш било време секој дом да биде дом на молитва, тогаш со сигурност тоа е денес. Татковците и мајките често треба да ги издигнуваат своите срца кон Бога во понизна молитва за себе и за своите деца… Едно добро средено христијанско домаќинство е силен доказ во прилог на вистинската христијанска вера доказ што неверниците не можат да го оспорат. (Патријарси и пророци, стр. 143.144. оригинал)
Дoмoт e првo училиштe нa дeтeтo и тукa трeбa дa сe пoстaвaт тeмeлитe зa живoт пoсвeтeн нa службa. Oвиe принципи нe трeбa дa сe учaт сaмo тeoрeтски. Tиe трeбa дa гo oбликувaaт цeлиoт живoт и вoспитувaњeтo. Дeтeтo трeбa мнoгу рaнo дa сe нaучи дa пoмaгa. .. Кoлку пoцeлoснo e прoткaeн духoт нa вистинскaтa службa вo дoмoт, тoлку пoвeќe ќe сe рaзвиe вo живoтитe нa дeцaтa. Tиe ќe нaучaт дa нajдaт зaдoвoлствo вo службaтa и пoжртвувaнoстa зa дoбрoтo нa другитe. (Здравје и среќа, стр. 400.401. оригинал)
