25 јуни – Преобразувачката сила на вистината 

„И секој кој ја има оваа надеж во Него, се очистува самиот, како што е и Тој чист.“ (1. Јованово 3,3)

Само Оној Кој го создал човекот може да издејствува промена на човечкото срце. Само Бог може да подари добивка. Секој учител треба да сфати дека божествените битија го поттикнуваат на работа. Човечкото расудување и поимите на најискусните луѓе подложни се на не совршеност и заблуди, и слабото орудие, потчинето на сопствените наследени црти на карактерот, мора секој ден да се потчинува на посветувачкото влијание на Светиот Дух, инаку сопственото „јас“ ќе ги земе уздите и ќе сака да управува. Во кроток и понизен дух на ученик, сите човечки методи, планови и поими треба да се изнесат пред Бога за Тој да ги исправи и одобри; инаку и неуморното Павлово залагање и остроумното Аполосово расудување ќе бидат немоќни да издејствуваат обратување на душите. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 167. оригинал)

Исус ја презеде човечката природа за да може да му се приближи на човештвото. Тој ги доведува луѓето под преобразувачката сила на вистината така што ги наоѓа таму каде што се. Доаѓа до срцето така што го придобива нивнoто сочувство и доверба, правејќи сите да почувствуваат дека Неговото поистоветување со нивната природа и интереси е целосно. Вистината што излегуваше од Неговите усни беше убава во својата едноставност, но истовремено облечена во достоинство и сила. Каков учител беше нашиот Господ Исус Христос! Колку нежно ги третираше сите искрени трагачи по вистината, за да може да допре до нивните чувства и да најде дом во нивното срце. (Testimonies to Ministers, p. 190)

Христос сторил сѐ што стоело до Него неговата црква во целост да се преобрази, да заблескоти со сјајот на Светлината на светот, да се исполни со славата на Емануел. Негова намера е секој христијанин да го опкружи со духовна атмосфера на светлина и мир. (Христови параболи, стр. 419. оригинал)

10 март - Природата е создадена да ми донесе радост
9 март - Радувајте се со целата природа
8 март - Неговата мудрост носи задоволство
7 Март - Бог е мој извор на мудроста
6 Март - Бог ја услишува мојата молитва
5 март - Очистени со Неговата крв
4 март - Емануел, „Бог со нас“, дошол
3 март - Надевајте се во Господа
2 март - Радујте се на дарот на животот
1 март - Радоста е Божји дар

Pin It on Pinterest