25 август – Вие што некогаш бевте далеку, сега сте близу

„А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.“ (Ефесјаните 2,13)

Христос ве избрал вас. Откупени сте со скапоцената крв на Јагнето. Молете се пред Бога за делотворноста на таа крв. Кажете Му: „Јас сум Твој по создавање; јас сум Твој по откупување. Ги почитувам човечките авторитети и советите на моите браќа; но не можам целосно да се потпрам на нив. Ти си ми потребен, о Боже, да ме поучиш. Јас се заветив пред Тебе да го усвојам божествениот стандард на карактер и да Те направам мој советник и водич, учесник во секој план на мојот живот; затоа поучи ме.“ Нека Господовата слава биде ваше прво размислување. Потиснете ја секоја желба за световни одликувања, секоја амбиција да го обезбедите првото место. Негувајте ја чистотата на срцето и светоста, за да можете да ги претставувате вистинските принципи на евангелието. Нека секој чин од вашиот живот биде осветен со свет напор да се изврши Господовата волја, за вашето влијание да не води други на забранети патеки. (Fundamentals of Christian Education, p. 348.349)

Делотворноста на Христовата крв требаше да им се претстави на луѓето со свежина и моќ, за да може нивната вера да се прилепи за нејзините заслуги. Како што првосвештеникот ја попрскуваше свежата крв на престолот на милоста, додека миризливиот облак од темјан се вознесуваше пред Бога, така и ние додека ги исповедаме нашите гревови и се молиме за делотворноста на Христовата искупителна крв, нашите молитви треба да се вознесат на небото, накитени со заслугите на карактерот на нашиот Спасител. И покрај нашата недостојност, секогаш треба да имаме на ум дека постои Еден кој може да го отстрани гревот и да го спаси грешникот. Секој грев признат пред Бога со покајано срце, Тој ќе го отстрани. Оваа вера е животот на црквата. (Testimonies to Ministers, p. 92.93)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest