25 aприл – Тргајте се од злото

„Не оди по патеките на нечесните и не оди по патот на лошите. Остави го, не оди по него, отстранувај се од него и заобиколувај го.“ (Пословици 4,14.15)

На создавањето на пријателства треба да се пристапува многу внимателно за да не дојде до блиски врски со личности на чиј пример не треба да се угледаме; бидејќи последиците од таква блискост често можат да бидат одвојување од Бога, од побожноста и од љубовта кон вистината. Таквата блискост со личности кои немаат верско искуство е многу опасна… Она што е неминливо секогаш треба да ви биде на прво место. Ништо не врши поподмолно и поопасно влијание на душата, бришејќи ги од неа толку сериозните впечатоци и осведочувања на Божјиот Дух, како што тоа го прави дружењето со оние кои се суетни и безгрижни и чии разговори се сведуваат само на суетата на овој свет. Доколку таквите се привлечни во било кој поглед, дотолку е поопасно нивното влијание како пријател, бидејќи својата нерелигиозност ја прикриваат со изобилство на тие привлечни особини. (Сведоштва за црквата, вол. 3, стр. 42.43)

Слично на старозаветниот Израел, и христијаните често попуштаат пред влијанието на светот и се прилагодуваат кон општо прифатените начела и обичаи за да стекнат пријателство со неверниците. Но на крај ќе се покаже дека тие привидни пријатели всушност се најопасни непријатели. Библијата јасно учи дека меѓу овој свет и Божјиот народ не може да има никакво единство… Сатаната настојува преку безбожниците, под плаштот на желбата за пријателство да ги наведе и припадниците на Божјиот народ на грев за да ги одвои од Бога. А кога еден ден на тој начин ќе ги лиши од нивната заштита, тогаш тој своите претставници ги наведува да се свртат против нив и со сите средства да настојуваат да ги уништат. (Патријарси и пророци, стр. 559. оригинал)

18 февруари - Со Неговиот возљубен Син
17 февруари - Го дал својот Син за мојот откуп
16 февруари - Бог управува со настаните
15 февруари - Ослободување од страдање и гнев
14 февруари - Послушност кон Неговата реч
13 февруари - Милост
12 февруари - Љубезност, правда и добрина
11 февруари - Непоколеблива чесност
10 февруари - Оние што ја следат вистината
9 февруари - На Бога Му е угодна молитвата на праведните

Pin It on Pinterest