25 февруари – Во заедница со Отецот

„Зашто Давид вели за Него: ‘Постојано Го гледам Господа пред себе; Тој ми е оддесно, за да не се поместам. Затоа се развесели моето срце и се зарадува мојот јазик; а и моето тело ќе почива во надеж.“ (Дела 2,25.26)

Христос наоѓал утеха и радост во заедница со Таткото. Пред Него можел да го ослободи своето срце од тагата која го мачела. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 202. оригинал)

Примајќи ја на Себе човечката природа, чувствувал дека му е потребна сила од Таткото. Тој одбрал посебни места за молитва. Сакал да има заедница со својот Татко во самотијата на планината. Со тоа Неговата света, човечка душа станувала зајакната за должностите и неволјите во денот што настапувал. Нашиот Спасител се идентификувал Себеси со нашите неволји и слабости и така секоја ноќ се појавувал пред Бога, молејќи Го Таткото да му подари свежа сила за да може така засилен и освежен, да биде подготвен за должностите и искушенијата. (Сведоштва за црквата, вол. 2, стр. 201. оригинал)

Ja прoучувaл Бoжjaтa Рeч и нajсрeќни чaсoви зa Нeгo билe oниe, вo кoи мoжeл дa сe oддeли oд сeкojднeвнaтa рaбoтa и дa oди вo пoлињaтa, дa рaзмислувa вo нивнитe тивки дoлини, дa бидe вo зaeдницa сo Бoгa нa ридoвитe, или вo сeнкaтa нa шумскитe дрвja. Чeстoпaти, рaнoтo утрo Гo oсaмнувaлo нa нeкoe oсaмeнo мeстo вo рaзмислувaњe, истрaжувaњe нa Списитe, или вo мoлитвa. Toj ja пoздрaвувaл утринскaтa свeтлинa сo пeснa. Ги рaзвeдрувaл рaбoтнитe чaсoви сo пeсни нa блaгoдaрнoст, кoи им дoнeсувaлe Нeбeснa рaдoст нa измoрeнитe и oбeсхрaбрeнитe. (Здравје и среќа, стр. 52. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest