„Тој ќе живее во висините, тврдини врз карпи ќе му бидат прибежишта, ќе има доста леб и водите не ќе му недостасуваат.“ (Исаија 33,16)
Секој ден треба да се молите: „Лебот наш насушен дај ни го денес“. Не бидете обесхрабрени ако немате доволно и за утре, бидејќи го имате неговото сигурно ветување: „Во својата земја ќе живееш и ќе се храниш во спокојство“ (Псалм 37,3). Давид вели: „Бев млад, и остарев, но не видов оставен праведник, ниту децата негови да просат за леб“ (Псалм 37,25). (Мисли од гората на блаженствата, стр. 110. оригинал)
Бог, кој се погрижил за Илија, нема да заобиколи ниту едно од своите самопожртвувани деца. Оној што ја изброил косата на нивната глава, ќе се грижи за нив, и за време на гладот нема да чувствуваат недостиг. Додека грешните ќе умираат од глад и од чума, ангелите ќе ги штитат праведните и ќе ги задоволуваат сите нивни потреби. На оној што „оди во правда“ му е дадено ветување: „ќе има доста леб и водата негова нема да пресуши.“ „Немоќните и бедните бараат вода, а неа ја нема! Јазикот им се исуши од жед. Јас, Господ, ќе ги чујам, јас, Бог Израелов, нема да ги оставам“ (Исаија 33,15.16; 41,17).
„Макар и да не процути смоквата, а и да нема плод по лозјата, макар маслината и да откаже, и полињата да не дадат плод, макар и стадото да е истребено од трлото, и да нема говеда во оборите, јас и тогаш ќе се радувам во Господа и ќе се веселам во Бога на моето спасение“ (Авакум 3,17.18). (Големата борба, стр. 629. оригинал)
