24 септември – Префинетост во домот

„Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата.“ (Исаија 48,10)

Се чувствува голема потреба од негување на вистинска учтивост во домот. Тоа е силно сведоштво во прилог на вистината. Вулгарниот јазик и нечовечното однесување, без оглед кај кого се јавува, се белег на расипано срце. Вистината, која потекнува од небото, никогаш не го понижува оној што ќе ја прифати, никогаш не го прави бесчувствителен или груб. Со своето влијание, вистината го омекнува и чисти карактерот. Кога младите ја прифаќаат вистината со срцето, таа ги прави учтиви и внимателни. Вистинската срдечна христијанска учтивост се прима само преку дејствувањето на Светиот Дух. Таа не се состои од лицемерие или вештачко однесување, со правење длабоко поклонување и лажни насмевки. Ваквата учтивост можете да ја сретнете кај луѓето во светот, но ним им недостасува вистинската христијанска учтивост. Вистинската учтивост и љубезното однесување се стекнуваат само со познавање на Христовото евангелие. Љубезноста и почитта се израз на добрина, која се укажува на сите луѓе, и на учените и на простите, и на богатите и на сиромашните, и на возрасните и на младите.

Суштина на вистинската учтивост е обѕирноста кон другите. Најважното и најсолидно образование е она кое поттикнува на сочувство и љубезност спрема сите. Ако таа, која обично ја нарекуваме култура на однесување, не го учи младиот човек да им биде послушен на родителите, да ги цени нивните доблести, да има трпение за нивните мани и да им помага во нивните потреби; ако тоа не го прави внимателен и нежен, великодушен и услужлив спрема младите, старите и несреќните, како и да биде учтив спрема сите, таквата култура не е ништо друго, туку погрешно воспитување и лошо поведение.

Христијанската учтивост е златна алка која ги поврзува членовите на семејството со врските на љубовта, која станува сѐ поблиска и посилна со секој изминат ден.

Највозвишените правила, кои ги одредуваат општествените и семејните односи, можат да се најдат во Библијата. Таа не само што го содржи најдоброто и најчистото мерило за моралност туку и највозвишениот закон за учтивоста. Проповедта на нашиот Спасител на Гората содржи драгоцени упатства и за старите и за младите. Оваа проповед треба често да се чита во семејниот круг, а нејзините скапоцени поуки да се применуваат во секојдневниот живот. Златното правило: „Сѐ што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така“ (Матеј 7,12) како и упатството од апостолот: „Натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг“ (Римјаните 12,10) треба да се прогласат за закон на семејството. Оние кои го негуваат Христовиот Дух во домот ќе покажат учтивост, дух на добрина и во малите должности. (Темели на среќниот дом, стр. 422.423. оригинал)

22 декември - Поглед на другите светови
21 декември - Станови за откупените
20 декември - Обновениот Едем
19 декември - Чистење на Земјата
18 декември - Редовите на откупените
17 декември - Работата на откупените во текот на милениумот
16 декември - Затворање на сатаната
15 декември - Дејствувањето на ангелите откриено
14 декември - Проучувањето ќе трае цела вечност
13 декември - Радоста на Божјите наследници

Pin It on Pinterest