24 октомври – Погледнете ги полињата

„Зар вие не велите: ‘Уште четири месеци и жетвата ќе дојде! Еве, ви велам: подигнете ги своите очи и видете ги нивите како побелеле за жетва!’“ (Јован 4,35)

Пред нас се наоѓаат пространи полиња на кои никогаш не продрела светлина. Каде и да погледнеме, гледаме богата жетва која чека да биде соберена, но нема жетвари. Се упатуваат молитви за победа на вистината. Браќа, што значат вашите молитви?… Успех кој ќе дојде и ќе се одржи сам по себе без напори од ваша страна?… Мора да дојде до будење, до духовна обнова. Мора да се покачи топлината на христијанската побожност.

Мора да се изградат и спроведат планови за ширење на вистината на сите народи на земјата. Сатаната ги лулка Христовите следбеници во сон, додека насекаде околу нив пропаѓаат души, и какво оправдување можат да му дадат тие на својот Господар за таквата безгрижност?…

Работа има за секој кој го споменува Христовото име. Гласот од небото свечено ве повикува да ги вршите своите должности. Послушајте го тој глас и веднаш почнете да работите на било кое место и во било кое својство. Зошто стоите тука цел ден без работа? За вас има работа – работа која ги бара вашите најдобри способности. Секој драгоцен момент во животот е поврзан со некоја должност која им ја должите на Бога или на своите ближни, а вие сепак сте без работа!

Сѐ уште преостанува да се изврши големото дело на спасување на душите. Секој ангел учествува во тоа дело, додека секој демон на мракот се спротивставува. Христос ни ја покажал големата вредност на душите на тој начин што дошол во светот со љубов насобрана во своето срце од вечноста, нудејќи му на човекот да го направи наследник на своето богатство. (Сведоштва за црквата, вол. 5, стр. 203.204. оригинал)

2 декември - Божјата љубов е неизмерна како небесата
1 декември - Што е човекот?
30 ноември - На Божјиот народ му е ветено излевање на Светиот Дух
29 ноември - Стариот Израел е пример за Божјата грижа
28 ноември - Напредок ветен на остатокот
27 ноември - Извршувањето на Неговата волја осигурува напредок
26 ноември - Нека биде добро на оние што Те љубат
25 ноември - Тој ќе го избави сиромавиот
24 ноември - Нашиот Создател ќе нè откупи
23 ноември - Откупување од гробот

Pin It on Pinterest