„Сега вака зборува Господ, Кој те создаде, Јакове, Кој те створи, Израеле: „Не бој се, зашто Јас те откупив; те повикав по име, ти си Мој!“ (Исаија 43,1)
Додека пастирот го води стадото преку карпести брекчиња, низ шуми и диви долини, на тревни засолништа крај реки, додека го чува во планините во текот на осамените ноќи, штитејќи го од ограбувачи, нежно грижејќи се за болните и слабите во стадото, неговиот живот станува едно со нивниот. Цврстата и нежна поврзаност го соединува со созданијата за кои се грижи. Колку и да биде големо стадото, пастирот ја познава секоја овца. Секоја има свое име и на повикот на пастирот се оѕвива според своето име. Како земниот пастир што го познава своето стадо, така и божествениот Пастир го познава своето стадо коешто е расеано низ цел свет… Исус вели: „Те повикав по име: ти си мој“. „Сум те врежал на дланките.“
Исус нè познава поединечно и трогнат е со чувството на нашата немоќ. Тој нè знае сите по име. Тој ја знае и куќата во која живееме, името на секој нејзин жител. Тој понекогаш им давал упатства на своите слуги да појдат во одредена улица, во одреден град, во таа и таа куќа, и да пронајдат една од неговите овци.
Секоја душа Исус совршено ја познава, како таа да е единствена за која Спасителот умрел. Неговото срце го трогнува болката на секоја душа. До Неговото уво допира секое преколнување за помош. Тој дошол да ги привлече сите луѓе кон себе. Тој им заповеда: „Следете ме“, а Неговиот Дух дејствува врз нивните срца да ги привлече кон Него. Мнозина ја одбиваат можноста да бидат привлечени. Исус знае кои се тие. Тој исто така ги знае оние кои со задоволство го слушаат Неговиот повик… Тој се грижи за секоја од нив како да не постои ниту една друга на целата земја. (Копнежот на вековите, стр. 479.480. оригинал)
