24 јули – Бидете постојани во молитвата

„Радувајте се во надежта, бидете трпеливи во неволја; постојани во молитва! Помагајте им на светите во нивните потреби! Ревнувајте во гостољубие!“ (Римјаните 12,12.13)

Истрајноста во молитвата спаѓа во условите молитвата да ни биде примена. Ние мораме непрестајно да се молиме ако сакаме да растеме во верата и во искуството. Ние мораме да бидеме „постојано на молитва“, „истрајни во молитвата; бдејте во неа со благодарност“… Постојаната молитва е непрекината заедница на душата со Бога, така што животот од Бога тече во нашиот живот, а од нашиот живот тече чистота и светост назад кон Бога.

Во молитвата е неопходна ревност; не смеете на ништо да му дозволите да ја попречи вашата молитва. Вложете секаков напор да одржите врска меѓу Исуса и својата душа. Искористете секоја прилика да одите на местата одредени за молитва. Оние кои навистина се трудат да одржуваат врска со Бога, ќе се видат на молитвените собири, верни во извршувањето на својата должност, искрени и жедни да ги пожнеат сите благослови што можат да ги стекнат. Тие ќе искористат секоја прилика да се изложат на зраците на небесната светлина.

Би требало да се молиме во семејниот круг, но над сѐ, не смееме да ја занемариме молитвата насамо, на осамено место, зашто таа е живот на душата. Душата не може да напредува ако се занемарува молитвата. Семејната или јавната молитва сама по себе не е доволна. Душата во затворена соба нека се отвори пред испитувачкото Божје око. Тајната молитва треба да ја чуе само Бог кој ги слуша молитвите. Ниедно љубопитно уво не треба да ја чуе содржината на таквите молитви. При тајната молитва душата е слободна од влијанието на околината, слободна од вознемирувањата. Смирено, но сепак сесрдно, душата го бара Бога. Пријатно и трајно ќе биде влијанието што струи од Оној кој гледа што е тајно, чиешто уво е отворено да ја чуе молитвата што излегува од срцето. (Патот кон Христа, стр. 97.98. оригинал)

1 август - Признавајте си ги гревовите еден на друг
31 јули - Благодарете за сè во молитва и со песна
30 јули - Упатувајте му похвала на Господа
29 јули - А јас ќе Го повикам Бога
28 јули - Неговото име е свето
27 јули - Наутро ќе Ти се молам
26 јули - Ќе Го повикувам во сите мои дни
25 јули - Примерот на Павле
24 јули - Бидете постојани во молитвата
23 јули - Ќе истраеме во молитвата

Pin It on Pinterest