24 август – Тие си ги испраа своите облеки

„А јас му реков: ‘Господине мој, ти знаеш!’ И ми рече: ‘Тоа се оние, кои доаѓаат од голема неволја, кои ги испраа облеките свои и ги избелија во крвта на Јагнето.’“ (Откровение 7,14)

На кристалното море пред престолот – на стакленото море, кое во толкава мера ја одблеснува Божјата слава, што се чини како од него да пламти оган – собрано е мноштво на оние „што го победија ѕверот и неговата икона, неговиот жиг и бројот на неговото име“. Сто четириесет и четири илјади, кои се откупени од луѓето, стојат на гората Сион со Јагнето, „имајќи Божји харфи“; и „како бучава на силни води, како татнеж на силна грмотевица“, се слуша „глас на харфисти што свират на харфи“… „Тие дојдоа од големата неволја“; тие поминале низ времето на страдање какво што никогаш не постоело на земјата откако постојат луѓе; го вкусиле стравот на маките на Јакова. За време на последното излевање на Божјите судови биле без посредник. Но тие се ослободени, зашто „својата облека ја испраа и ја избелија во крвта на Јагнето“. (Големата борба, стр. 648.649. оригинал)

Највозвишените од откупената војска која облечена во бело, ќе стои пред престолот на Бога и на Јагнето, знае за борбата на совладувањето, бидејќи поминала низ големи неволји. Тие што се повеќе подготвени да им попуштат на околностите отколку да се впуштаат во борба нема да знаат како да опстанат во тој ден, кога стравот ќе ја опфати секоја душа, кога Ное, Јов и Даниел не би можеле да ги спасат своите синови и ќерки, бидејќи секој ќе мора да ја спасува својата душа со својата праведност. (Сведоштва за црквата, вол.5, стр. 215. оригинал)

12 септември - Трезвеност, побожност 
11 септември - Чиста совест
10 септември - Искреност
9 септември - Одлуката на ученикот
8 септември - Ќе Му служиме на Господа
7 септември - Бог сака скрушено срце
6 септември - Служи Му на Бога доброволно
5 септември - Откажете се од сè заради Него
4 септември - „Ги свртувам нозете мои“
3 септември - Кој има добра желба?

Pin It on Pinterest