24 aприл – Внимавајте на Моите зборови

„Затоа, сине мој, послушај ме, и чуј ги зборовите на мојата уста: Нека твоето срце не застранува по нејзините патишта, и нека не скита по нејзините патеки.“ (Пословици 7,24.25)

Нашиот Спасител наоѓал своја радост во издигнувањето и откупувањето на грешните луѓе. За да го постигне тоа, Тој не го сметал ниту својот живот за премногу драгоцен, туку претрпел крст, не држејќи до срамот. Така и ангелите постојано се во акција, работејќи за среќата на другите. Во тоа тие наоѓаат радост. Она што себичното срце би можело да го смета за понижувачка служба ­ да им се служи на оние што се бедни и во секој поглед пониски од нив во карактерот и во положбата ­ токму тоа е служба на безгрешните ангели. Духот на Христовата љубов, која се жртвувала себеси, е дух што го проникнува небото и ја сочинува срцевината на небесното блаженство. Таков дух ќе имаат Христовите следбеници, таква служба ќе извршуваат тие.

Кога Христовата љубов го исполнува срцето, таа не може да се скрие, како што не може да се скрие ни пријатниот мирис. Нејзиното свето влијание ќе го чувствуваат сите со кои ќе се среќаваме. Христовиот дух во срцето е сличен на извор в пустина што тече да освежи сѐ и кај оние кои се на прагот на смртта да разбуди желба да се напијат од водата на животот. (Патот кон Христа, стр. 77. оригинал)

Непотпомогната, човечката волја нема вистинска сила да му се спротивстави и да го победи злото. Одбраната на душата е скршена. Човекот нема ограда против злото. Кога еднаш ќе ги отфрлиме ограничувањата на Божјата Реч и Неговиот Дух, не знаеме колку длабоко можеме да потонеме. (Здравје и среќа, стр. 429. оригинал)

Ако сакаме да учиме од Христа, мора да се молиме како што се молеа апостолите кога Светиот Дух беше излеан врз нив. Ни треба крштавање со Духот Божји. Не сме безбедни ни еден час додека не покажеме дека сме му послушни на Божјото Слово. (Fundamentals of Christian Education, p. 537)

16 мај - Покајанието на Неемија
15 мај - Покајанието на Ездра
14 мај - Јакововото покајание
13 мај - Нема веќе да грешам
12 мај - Не бидете тврдоглави, покорете се
11 мај - Измијте се, очистете се
10 мај - Отстранете го своето беззаконие
9 мај - Божјата добрина води кон покајание
8 мај - Оние што се каат ќе живеат
7 мај - Жалоста која е по Бога носи покајание

Pin It on Pinterest

Адвентистичка Црква „Петар Поп Арсов“ Скопје