24 јануари – Не се плашам од Неговиот божествен суд

„Сион слуша радосно, и Јудините ќерки извикуваат весело, заради Твоите судови, о Господи!“ (Псалм 97,8)

Така ќе биде и кога ќе настапи конечното излевање на Божјиот гнев, кога Господ ќе дојде „со илјадници свои свети ангели за да им суди на сите и да ги изобличи безбожниците за сите нивни нечесни дела“. Секој грешник ќе биде наведен да ја увиди и да ја признае праведноста на осудата што му е изречена. (Патријарси и пророци, стр. 393. оригинал)

Тогаш ќе стане очигледно дека бунтот на сатаната против Бога предизвикал пропаст не само за него туку и за сите оние што се согласиле да бидат негови приврзаници. Тој им прикажувал дека со престапот се постигнуваат многу добра, но на крај јасно ќе се покаже дека плата за гревот е смрт“… Сатаната, како корен на сите зла, и сите што прават зло, како гранки, ќе бидат потполно уништени. Ќе му биде ставен крај на гревот, на пропаста и на сите неволји што ги предизвикал тој. Псалмистот кажува: „Ги сотре безбожниците: им го избриша името за век веков. Дотолчени се душманите ни спомен од нив не остави“.

Но среде луната на божествените казни, Божјите деца ќе немаат причина да се плашат. Господ ќе „биде прибежиште на својот народ и крепост на синовите Израелови“. Оној ден, кој на престапниците на Божјиот закон ќе им донесе страв и пропаст, на послушните ќе им осамне „со неискажлива и прославена радост“. „Соберете ми ги моите свети“, кажува Господ, „кои склучија со мене сојуз со помош на жртва. Тогаш небесата ја објавија неговата правда, зашто истиот Бог е судија“. (Патријарси и пророци, стр. 341. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest