24 февруари – Според Божјата волја и законот

„Тогаш реков: ‘Еве, доаѓам! Во книжниот свиток пишува за мене; мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.’“ (Псалм 40,7.8)

Самопожртвуваниот Спасител, на својот пат на љубовта во овој свет, бил жива слика на карактерот на Божјиот Закон. (Мисли од гората на блаженствата, стр. 49. оригинал)

Уште од најраните години на животот, сиот бил обземен со една цел: да живее на благослов на другите. (Копнежот на вековите, стр. 70. оригинал)
Тој покажувал непоколеблива стрпливост и вистинољубивост која никогаш не би ја жртвувала чесноста. Во начелата цврст како карпа, Неговиот живот откривал особина на несебична љубезност. (Копнежот на вековите, стр. 68.69. оригинал)

Имало некои што сакале да бидат во Негово друштво, чувствувајќи мир во Негово присуство, но мнозина го избегнувале затоа што ги укорувал Неговиот беспрекорен живот. Младите другари упорно го наговарале да го прави она што го прават тие. Бил ведар и радосен и тие уживале во Негово присуство и ги поздравувале Неговите подготвени предлози, но биле нестрпливи кон Неговата совесност, прогласувајќи го за ограничен и тесноград. Исус одговарал: „Пишано е: ‘Како може млад човек да живее во чистота? – Така што ќе живее според твоите зборови’“… Кога го прашувале зошто не учествува во несериозните забави на младите од Назарет, Тој би рекол: „Пишано е: ‘По патот на твоите уредби со радост врвам – за големо богатство ги сметам. За твоите правила размислувам и твоите патеки ги проучувам’“. (Копнежот на вековите, стр. 89. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest