24 март – Треба да уживаме во храната

„Затоа јади го својот леб со радост и пиј го своето вино со весело срце, зашто на Бога веќе порано Му се допадна твоето дело.“ (Проповедник 9,7)

Важно е да уживаме во храната што ја јадеме. Ако не можеме да го правиме тоа, туку јадеме механички, нема да бидеме нахранети и изградени онака како што би биле кога би можеле да уживаме во храната што ја внесуваме во желудникот. Ние сме составени од она што го јадеме. За да се создаде добар квалитет на крвта, мораме да земаме вистински вид храна, подготвена на правилен начин.

Религиозна должност на оние што готват е да научат како да подготвуваат здрава храна на различни начини, за таа да може да се јаде со уживање… Јадењето има врска со животот… Од суштинско значење е вештината на готвењето да се смета за една од најважните гранки на образованието… Познавањето на тоа како здраво да се подготви храната, особено лебот, не е мала наука. (Сведоштва за црквата, вол. 1, стр. 682. оригинал)

За здравјето и среќата на целото семејство ништо не е толку важно како умешноста и знаењето на готвачката. Со лошо подготвена, нездрава храна, таа може да ја намали или сосема да ја уништи работоспособноста на возрасните и да го попречи развојот на детето. Но, подготвувајќи храна прилагодена на потребите на телото, а истовремено и примамлива и вкусна, таа може да постигне толку добрини колку што во спротивниот случај би нанела штета. Така, на многу начини, среќата во животот е поврзана со верноста во обичните должности. (Воспитување, стр 216. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest