23 септември – Посветеноста носи мир

„Оние кои го љубат Твојот Закон, уживаат голем мир, не се сопнуваат на ништо.“ (Псалм 119,165)

Колку помалку од кротоста и понизноста на Христa има човекот во својот дух и карактер, толку повеќе гледа совршенство во сопствените методи, а несовршеност во методите на другите. (Testimonies to Ministers, p. 191)

Ништо не е попотребно во Божјото дело од практичните резултати од општењето со Бога. Преку нашиот секојдневен живот ние треба да покажеме дека поседуваме мир и почивка во Бога. Божјиот мир во срцето, ќе се гледа на лицето и ќе му дава на гласот убедлива сила. Општењето со Бога го облагородува карактерот и сите наши постапки. На тој начин, како и за првите ученици, луѓето ќе увидат дека сме биле со Исуса. (Сведоштва за црквата, вол. 6, стр. 47. оригинал)

Вистината раѓа Христов мир. Тој е во хармонија со Бога. Светот е во непријателство со Божјиот закон; грешниците се во непријателство со својот Творец ­ и како резултат на тоа, тие се во непријателство еден кон друг. Псалмистот изјавува: „Неизмерно спокојство имаат оние кои го љубат твојот закон – тие од ништо нема да се сопнат“. Луѓето не можат да создадат мир. Човечките планови за исчистување и издигнување на поединците и општеството не успеваат да создадат мир, затоа што не допираат до срцето. Единствена сила што може да создаде и постојано да го одржува вистинскиот мир е Христовата милост. Кога таа е всадена во срцето, ќе бидат отстранети лошите склоности што предизвикуваат кавги и несогласија. „Место трње ќе расте кипарис, место коприва ќе никнува мирта“, а пустината на животот „ќе се весели… и ќе процути како трендафил“. (Копнежот на вековите, стр. 302-305. оригинал)

31 март - Господовото доаѓање е моја надеж
30 март - Со радост сеќавајте се на светлите мигови во животот
29 март - Обратените се радувале на лебот на животот
28 март - Израел се учел на радостите на гостопримството
27 март - Израел се радувал на плодовите од Ханан
26 март - Бог ги користи елементите на природата за да даде храна
25 март - Животните потреби се задоволени
24 март - Треба да уживаме во храната
23 март - Бог обезбедува храна
22 март - Поднесување на животните товари

Pin It on Pinterest