„Проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука.“ (2. Тимотеј 4,2)
Прeдмeтoт нa Христoвoтo учeњe билa Бoжjaтa Рeч. Нa oниe, кoи Mу пoстaвувaлe прaшaњa, Toj jaснo им oдгoвaрaл: „Пишaнo e,“ „Штo вeли Писмoтo?“ „Кaкo читaш?“ Вo сeкoja пригoдa, кoгa ќe сe пojaвeл интeрeс, кaj приjaтeл или нeприjaтeл, Toj ja изнeсувaл Бoжjaтa Рeч. Jaснo и силнo ja изнeсувaл пoрaкaтa нa Eвaнгeлиeтo. Нeгoвитe збoрoви фрлaлe изoбилствo свeтлинa врз учeњaтa нa пaтриjaрситe и прoрoцитe, a Писмoтo, нa луѓeтo им изглeдaлo кaкo сoсeмa нoвo ‘Oткрoвeниe. Никoгaш пoрaнo Нeгoвитe слушaтeли нe зaбeлeжaлe тoлку длaбoкo знaчeњe вo Бoжjaтa Рeч. (Gospel Workers, p. 44)
Бог сака младите да станат сериозни луѓе, подготвени за дејствување во Неговото благородно дело и оспособени да преземат одговорности. Бог повикува млади луѓе со нерасипани срца, силни и храбри, решени машки да се борат во битката што е пред нив, за да можат да Го прослават Бога и да го благословат човештвото. (Порака до младите, стр. 21. оригинал)
Млади луѓе, истапете напред во првите редови за вистината и идентификувајте се како соработници со Христа, преземајќи ја работата онаму каде што Тој ја остави, за да ја довршите. (Порака до младите, стр. 25. оригинал)
Честопати ќе се сретнете со луѓе кои се под притисокот на искушението… Внимавајте да не ги обесхрабрите таквите луѓе и со тоа да му дадете предност на искушувачот. Секогаш кога ќе видите или ќе слушнете нешто што треба да се исправи, побарајте од Господ мудрост и благодат, за да не бидете сурови додека се обидувате да бидете верни. Секогаш е понижувачки кога некој ќе ви ги посочи грешките. Не го правете искуството уште погорчливо со непотребна критика. Нељубезната критика носи обесхрабрување, правејќи го животот мрачен и несреќен. (Gospel Workers p. 496)