23 ноември – Откупување од гробот

„А мојата душа Бог ќе ја истрга од канџите на Подземјето и ќе ме прими милостиво.“ (Псалм 49,15)

Среде лулањето на земјата, молскањето на молњите и татнежите на громовите, гласот на Божјиот Син ги повикува светите што спијат. Тој својот поглед го насочува кон гробовите на праведниците и тогаш, подигајќи ги рацете кон небото, извикнува: „Разбудете се, разбудете се, разбудете се, вие, што спиете во правот и станете!“ По целата Земја мртвите ќе го слушнат овој глас и, оние што ќе го чујат, ќе оживеат. Сега земјата татни од чекорите на огромното мноштво од секое племе, колено, јазик и народ. Тие доаѓаат од темнината на смртта, облечени во бесмртна слава, триумфирајќи: „О гробе, каде ти е победата? О смрт, каде ти е осилото?“ (1. Коринтјаните 15,55). А живите праведници и воскреснатите свети, своите гласови ги соединуваат во долг, радосен триумф на победа.

Сите излегуваат од своите гробови исти по раст како што влегле во него. Адам, кој стои среде воскреснатото мноштво, се истакнува по височина и по својот величествен изглед, по раст само малку понизок од Божјиот Син. Неговата става покажува очигледна разлика со луѓето од подоцнежните поколенија; тука се гледа колку човечкиот род се дегенерирал. Но сите стануваат со свежина и сила на вечна младост… Смртното, распадливо тело, лишено од убавината, некогаш опогането со грев, станува совршено, убаво и бесмртно. (Големата борба, стр. 644.645. оригинал)

Алките на семејниот синџир пак ќе се соединат. Додека ги гледаме нашите починати, можеме да размислуваме за утрото кога ќе се огласи Божјата труба, „и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се преобразиме“ (1. Коринтјаните 15,52). Уште малку па ќе го видиме Царот во неговата красота. (Копнежот на вековите, стр. 632. оригинал)

28 јануари - Израз на верата
27 јануари - Во добро време
26 јануари - Радувај се во својата младост
25 јануари - Моето име е запишано на Небото
24 јануари - Не се плашам од Неговиот божествен суд
23 јануари - Ме облекува во својата праведност
22 јануари - Тој е милостив
21 јануари - Тој направи големи дела за мене
20 јануари - Господ е моја сила
19 јануари - Се радувам што Бог ми е помошник

Pin It on Pinterest